За Титан Групацијата

ТИТАН Групацијата е независен мултирегионален производител на цемент и останати сродни градежни материјали. Основана е во Грција во 1902 година и оттогаш покажува постојан раст. Денес, претставува мултинационален бизнис кој го прошири своето производство и дистрибуција во 12 земји и директно вработува повеќе од 6.300 луѓе, со консолидиран приход од речиси 1,6 милијарди Евра (2008).

ТИТАН покрива производство на цемент, бетон, агрегати, малтер и други градежни материјали; транспорт – дистрибуција на производи; преработка и индустриска употреба на летечки пепел.

Деловниот успех и углед на ТИТАН се заснова на употребата на најдобрите достапни технологии (BAT) за производствени процедури и дистрибутивни методи, за систематско истражување и постојано надградливо знаење и на сопствените висококвалитетни човечки ресурси.

Посветеноста кон КОО и Одржливост на ТИТАН Групацијата се демонстрираат во сопствените политики и практики како и преку активното учество во меѓународните иницијативи.

За повеќе информации за ТИТАН Групацијата, посетете ја страницата www.titan-cement.com

Глобални Локации на Титан Групација