Нашите Луѓе

Луѓето имаат централно место во сè што правиме. Токму поради нивните залагања и таленти, Цементарница УСЈЕ АД е успешна повеќе од 50 години.

Почитта кон правата на нашите работници и акцент на развојот на вработените се суштински елементи за да може Цементарница УСЈЕ АД да ги постигне своите цели.

Го поттикнуваме вработувањето од локалната заедница на сите нивоа и се концентрираме на привлекување, развивање и задржување на најдобрите луѓе кои би ги поддржале нашите деловни стратегии и за да обезбедиме постојан успех.

Нашата компанија нуди еднакви можности на сите луѓе без разлика на нивниот пол. За една компанија од тешката индустрија, УСЈЕ вработува многу жени (повеќе од 12%) и повеќе од 24% од менаџментот на Компанијата се состои од жени.

За да можеме да ги процениме гледиштата на нашите луѓе во различни области, ние редовно спроведуваме истражувања меѓу нив и имаме „директни комуникациски линии“, особено за прашања како Здравје и Безбедност, Заштита на Животната Средина, мито и корупција, човечки права и еднакви можности. 

Заедничките цели во Компанијата опфаќаат развој на кариерата и планирање на наследување, развој на мултидисциплинарни вештини и компетенции на различни хиерархиски нивоа, оценка на изведбата и обука, како и пренесување на вештините и искуствата на персонал од страна на надредредените.  

Според националното законодавство, претставниците на вработените имаат право на состаноци со понискиот менаџмент во кое било време, каде што сите важни прашања, кога и да треба, се пренесуваат директно до Главниот Извршен Директор и понатаму до Одборот на Директори.


Ние ги сметаме нашите вработени како најважни амбасадори на нашите вредности, стремежи и принципи и очекуваме нашиот пристап да го зголеми учеството на вработените и да ги поддржи корпоративните вредности.