Корпоративна Општествена Одговорност

Корпоративна општествена одговорност (КОО) претставува интегрален дел од филозофијата на Групацијата ТИТАН и во голема мера го води начинот на кој ние работиме и како го водиме бизнисот уште од нашите почетоци.

За ТИТАН и неговите компании, како што е Цементарница УСЈЕ АД Скопје, КОО не е вежба од областа на односите со јавност, туку преземање активност за да се препознаат општествените предизвици и предизвиците за заштита на животната средина кои ги надминуваат законските обврски. Кратката дефиниција која го дефинира овој приод е:

‘‘Ние го разбираме поимот Општествена Одговорност дека се однесува на цел опсег  активности, програми и услуги за сите засегнати од нашето работење (внатрешни и надворешни) кои сме ги организирале на доброволна основа и кои ги спроведуваат активностите над она што законот го бара од нас’.

ТИТАН поддржа многу иницијативи во областа на КОО. Компанијата се придружи на групата „Против општествено исклучување“ на Жак Делор, ја основаше грчката Мрежа за Корпоративна Одговорност, го потпиша Глобалниот договор на Обединетите Нации (UN Global Compact) во 2002 година и учествува во Светскиот бизнис-совет за одржлив развој (WBCSD).

Политиката за КОО на Цементарница УСЈЕ АД Скопје се применува во оние сфери каде Групацијата ТИТАН има одлично познавање и искуство – потребниот услов за дополнителната вредност која се стремиме да ја создадеме.

Затоа, трите области на кои ги концентрираме нашите напори се:

   • Образование
   • Животна средина
   • Здравје и безбедност на работното место

Проекти поврзани со КОО

Корпоративната Општествена Одговорност и одржливиот развој играат клучна улога во активностите на Групацијата ТИТАН и Цементарница УСЈЕ АД Скопје и тие беа дел од нашата култура со децении.

Ние ги вградивме во нашата корпоративна стратегија и систем на вредности не само од чувството за одговорност, туку првенствено затоа што сме убедени дека создаваат придобивки во општествата каде што работиме и за нашите акционери.

Во 2008 година, УСЈЕ имаше многу КОО проекти и активности за сопствените вработени:

•   Донации во средства
•   Дополнителни отпремнини (пензионирање или инвалидитет)
•   Парична помош на нашите вработени
•   Парично „обештетување“ за блиските (природна смрт)
•   Новогодишни забави за децата
•   Стипендии за децата на нашите вработени
•   Професионална ориентација на децата на нашите вработени
•   Дополнителни бонуси за одмор
•   Божиќни подароци
•   Денот на жената
•   Здравствени прегледи за жените
•   Бонус
•   Јубилејни награди (континуиран стаж во Компанијата)

Исто така, УСЈЕ спроведува проекти од КОО за поддршка на заедницата и општеството во целина:

1. Годишна програма за стипендии
Стипендии се даваат на годишно ниво на најдобрите студенти за магистерски студии на Универзитетот АЛБА во Атина, Грција. Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги покрива комплетните трошоци на школување и месечен надомест за покривање на трошоците за живот. Во учебната 2010/2011 година ќе бидат доделени и стипендии на успешни дипломирани студенти и за последипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

2. Хортикултурно уредување на дворовите на основните училишта во Општина Кисела Вода
Засадување дрбца и цвеќе како хортикултурно уредување на дворовите на основните училишта во Општина Кисела Вода.

3. Програма за стручно образование на млади невработени луѓе од околните општини
Младите невработени учесници се запознаваат со практично и теоретско знаење за одржување машини, производство на цемент, здравје и безбедност и прашања во врска со животната средина за да се подобрат и да им се даде поддршка во нивните професионални перспективи.