ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

Следејќи ја нејзината политика за општествена одговорност и транспарентност во работењето Цементарница УСЈЕ АД Скопје ги продолжува своите заложби кон развој на блиски односи со заедницата, па на тој начин сака да остане активен член на општеството.

Нашиот прв Отворен Ден одржан на 15. Септември 2011 беше позитивно оценет од сите посетители, со предлози тој да прерасне во традиција.

Во таа насока, Цементарница УСЈЕ објавува одржување на ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ во фабриката, кога на сите заинтересирани ќе им биде овозможено да нe посетат, да се запознаат со нашиот производен процес и нашата посветеност на неговото постојано унапредување преку имплементација на највисоки стандарди на работење.

 ОТВОРЕН ДЕН за посета на нашата фабрика е секој последен Четврток во месецот, во текот на целата година. Посетите започнуваат во 12:00 часот, а времето предвидено за една посета е 2 часа.

Во текот на посетата ќе имате можност да се запознаете со историјата и вредностите на Цементарница УСЈЕ, а предвидена е организирана обиколка на производствените погони каде ќе имате можност да ги видите нашите капацитети, а нашите стручни лица ќе Ви објаснат сe во врска со производството на цемент.

Согласно нашата политика за безбедност, Цементарница УСЈЕ ќе обезбеди соодветна заштитна опрема за секој посетител во фабриката.

Со цел поуспешно да ја организираме посетата, Ве молиме искажете ја Вашата заинтересираност најмалку седум дена однапред со пополнување на Пријавата. Секој Отворен Ден е ограничен на најмногу 20 посетители. Во случај да сите места се пополнети за престојниот Отворен Ден, Вие автоматски ќе бидете префрлени за следното достапно место. Ќе бидете соодветно известени за точниот датум на Вашата посета.

Доколку Ви се потребни повеќе информации, Ве молиме испратете ни е-маил на: contact@usje.com.mk или јавете се на тел: 00 389 2 2786 118.

Се надеваме дека набргу ќе Ве видиме во нашите простори.