Во рамки на годинешната „Европска недела на мобилност“

Вработените на УСЈЕ на работа пеш или со автобус


18.09.2017


Активното вклучување на Цементарница УСЈЕ во одбележување на „Европската недела на мобилност“ продолжува и оваа година. Покрај досегашните активности, УСЈЕ годинава ангажира и два автобусa со кои вработените и менаџментот од поодалечените места ќе се превезуваат до своето работно место. На тој начин, вработените и менаџментот ќе се мотивираат во текот на „Европската недела на мобилност“, да ги остават своите автомобили дома и на работа да дојдат со организиран превоз, пеш или со велосипед.

Вработените на УСЈЕ покрај ова, ќе бидат и дел од традицоналното велосипедско дефиле што ќе се одржи на 22 септември во Скопје. Покрај учеството во обележувањето на „Европската недела на мобилност“, УСЈЕ организира и спроведува низа активности за поголема мобилност, заштита на животната средина и промоција на здравиот начин на живот. Во таа насока веќе подолг временски период се одржува акција во која секоја среда вработените доаѓаат на работа без автомобили и на таков начин преку личен пример, ја потврдуваат својата заложба за заштита на животната средина и промоција на здравиот начин на живот.

„Навистина сум среќен што активностите кои произлегуваат од нашата корпоративна култура и придонесуваат за заштита на животната средина, добиваат сé поорганизирана форма и стануваат се по масовни. Убеден сум дека ова е вистинскиот начин да ги промениме нашите навики и на индивидуално и на групно ниво. Нашето учество во „Европската недела на мобилност“ е веќе традиција и се надевам дека бројот на учесници и понатаму ќе расте, изјави Борис Хрисафов, главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ.

Активностите за обележување на „Европската недела на мобилност“ се одвиваа под мотото „Сподели и оди напред“, во организација на Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европската унија во земјава и УНДП. Целта на сите активности со кои се промовира одржливата мобилост е да се испрати пораката дека користењето на алтернативните видови транспорт придонесува за унапаредување на животната средина и здравјето на луѓето и затоа тие треба да бидат првиот избор, пред автомобилите.

Традиционално, Цементарница УСЈЕ се вклучува во голем број глобални и национални активности за заштита и унапредување на животната средина. Целите на ваквите активности се составен дел од деловната култура на Цементарница УСЈЕ, која од декември 2008-ма е потписник и локален член на „Глобал Компакт“ договорот на Обединетите Нации. Со потпишување на овој договор, Цементарница Усје АД ги прифати десетте принципи на добро корпоративно управување, меѓу кои е и заштитата на животната средина.