OTВОРЕН ДЕН ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

17.10.2017


На 17 октомври 2017 во Цементарница УСЈЕ беше организиран отворен ден за посета на компанијата за граѓани, невладини организации, како и Директорот и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина при Министерството за животна средина, Директорката на Секторот за ИСКЗ еколошки дозволи и овластен инспектор за животна средина од Град Скопје. Oваа посета беше поттикната од ДИЖС и организирана во согласност со нашите заложби да бидеме отворени и транспарентни кон пошироката јавност, со посебен акцент кон мерките за заштита на животната средина кои ги превземаме во текот на нашето делување. На присутните им беше презентирано кратко видео за изградбата, постоењето и развојот на Цементарница УСЈЕ се до денес. Свое обраќање имаше и Главниот извршен директор, Борис Хрисафов кој ја потенцираше стратешката определба на компанијата за одржлив развој, односно за следење на деловните цели и создавање вредности на општествено одговорен начин. Една од главните теми на оваа посета беше и запознавањето со работата согласно А-интегрираната еколошка дозвола и сите мерки за заштита на животната средина кои беа презентирани од страна на Менаџерот за животна средина во Цементарница УСЈЕ. Во текот на презентацијата се разви и дискусија за одредени прашања поврзани со работењето на фабриката. Кон крајот на посетата, присутните придружени од нашите инженери и експерти ги посетија и производствените погони со цел запознавање со процесот на производство и начинот на работа во Цементаница Усје.