Информација за јавност

07.11.2017


На ден 05.11.2017 (недела) околу 13:20h во Цементарница УСЈЕ се случи краткотрајно истекување на материјал, во вкупно времетраење од околу 5 минути, кое резултираше со фугитивна емисија над фабриката. Со брза и навремена реакција од страна на вработените, спречено е понатамошно истенување и процесот е веднаш вратен во редовна оперативна состојба.

Инцидентот настана како резултат на пукнато црево при истовар на материјал од страна на превозник. Поради составот на истечениот материјал, истиот е исталожен во кругот на фабриката, веднаш е собран со вакум цистерна, со цел да се спречи негова реемисија и е вратен во производниот процес.

При оваа постапка применети се процедурите што ја регулираат областа на животна средина (постапено е според Упатството I.1410-5 - Ракување со лебдечка пепел) според Системот за управување со животна средина ISO 14001 и важечките интерни наредби. Овие уредби јасно и прецизно ги утврдуваат постапките и одговорностите што треба да се преземат при вакви настани.

За да се утврдат причините за настанување на истекување на материјалот, веднаш се преземени следните корективни мерки:

• Формиран е тим за брза интервенција од страна на сменскиот работоводител

• Расчистен е истечениот материјал со цел да се спречи реемисија на истиот

• Оштетеното црево е заменето со ново

Со цел во иднина да се избегне повторување на вакви ситуации, формираниот тим определи и дополнителни мерки за превенција и спречување на вакви појави. Имено, досега, како резултат на регулативите и интерните прописи и мерки што ги има усвоено компанијата, ваков тип на инциденти се исклучително ретки.

Тимот на Цементарница УСЈЕ и понатаму останува целосно посветен на унапредување на постоечките технолошки решенија, со што во иднина би се спречиле вакви несакани настани.


Цементарница УСЈЕ АД Скопје