Тимот на УСЈЕ засади 570 дрвца

06.12.2017


На 6-ти декември вработените на Цементарница УСЈЕ организираа акција за садење на повеќе од 550 дрвца во кругот на фабриката. Повеќе од 90 вработени, заедно со менаџмент тимот се вклучија во оваа акција за подигање на нов зелен појас. Беа засадени вкупно 500 одраснати садници Аризонски чемпрес, 20 солитерски листопадни дрва и 50 цветни грмушки.

Секоја година Компанијата организира и поддржува акции кои се поврзани со хортикултурно уредување и зазеленување на просторот околу фабриката и општината.

Политиките на ТИТАН за животна средина и за општествена одговорност се фокусирани на постојано подобрување на управувањето со животната средина, со цел влијанието на работните активности врз околината да се сведе на минимум, и на развивање иницијативи за да се подобри животната средина и квалитетот на животот во областите во кои се наоѓаат нашите производни капацитети.