Запрено целокупното производство во Цементарница УСЈЕ поради редовен годишен ремонт

09.01.2018


Цементaрница УСЈЕ, согласно годишниот оперативен план за работа, го сопре целокупниот процес на производство.

Работата на печката К3 е прекината на 7. декември 2017, додека на печката К4 на 8. јануари 2018, во 13.30 часот. Двете печки е планирано да бидат повторно ставени во погон во текот на февруари оваа година.

Производствениот процес на двете печки е прекинат заради нивен редовен годишен ремонт и имплементација на нови инвестиции кои треба да ја зголемат нивната ефикасност. Ваквиот ремонт на печките се реализира секоја година во истиот временски период.