KОНСТИТУИРАН СОВЕТ НА СТОПАНСТВЕНИЦИ ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

02.03.2018


Цементарница УСЈЕ, како значаен дел од бизнис заедницата во општината Кисела Вода, се заложи и активно учествуваше во формирањето на бизнис асоцијација која би ги здружувала стопанствениците од локалната заедница и би партиципирала и придонесувала за понатамошен развој на општината.

На ден 2-ри март 2018 во просториите на општинa Кисела Вода беше одржана и конститутивна седница на која беа избрани членови на Управниот одбор, а за претседател на Советот на стопанственици од општината Кисела Вода беше избран Борис Хрисафов, Генерален директор на „Цементарница УСЈЕ“ АД Скопје.

Главна задача на овој Совет ќе биде да ги идентификува проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат компаниите од оваа општина со цел да се подобри бизнис климата. Советот ќе овозможи и работа на заеднички проекти, но и издигнување на општествената одговорност на компаниите, од што најголема корист ќе имаат жителите на општината.