Прес конференција во Цементарница УСЈЕ - 24.01.2020

24.01.2020

Денес, во 13:00 часот во Цементарница УСЈЕ АД Скопје се одржа прес конференција на која говореа Главниот извршен директор, Борис Хрисафов и Менаџерот за животна средина и алтернативни горива, Наташа Бакреска.

Како компанија која постојано инвестира и се грижи за животната средина и за своето влијание врз неа, и е континуирано отворена за комуникација со сите заинтересирани страни, на прес кофенренцијата повторно презентиравме информации кои се однесуваат на работењето на Цементарница УСЈЕ, како и на заложбите за заштита на животната средина.